Вечерва во галеријата на Музеј Куманово вчеравечер беше отворена изложбата „500 години Куманово“.
Составена е од преку 100 дела – цртежи, графики, скулптури и фотографии посветени на Куманово некогаш и денес, а е подарок од учениците од средните училишта во градот.

Изложбата ја отвори претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска која се обрати пред присутните.
Изложбата ќе трае до осми март, а истата има добротворен карактер и средствата од продажбата на делата ќе бидат донирани.

