По пишувањата во медиумите дека општина Куманово платила 10.000 евра за аплицирање на проектот Европски град на спортот за 2019 година, денеска на прес конференција раководителот на Секторот за евроинтеграции при општината, Горан Митевски, рече дека тие средства се обезбедени преку донатори и кошаркарскиот клуб Куманово, ЖРК Куманово, како и боксерскиот клуб Куманово.
Информацијата претходно беше изнесена на седницата на Советот на Општина Куманово, но денеска Митевски, освен што ја појасни финансиската позадина на аплицирањето, ја објасни и целта на овој проект, кој досега ниту еден град во Македонија го нема добиено, а преку него се овозможува организирање на бројни спортски натпревари и турнири, возобновување на спортски манифестации кои постоеле во градот во минатото, како и реновирање на дел од спортската инфраструктура.
Целосното појаснување и интегралната прес конференција на Митевски проследете ја во продолжение.

