Три интервенции во последните 24 часа бележат кумановските пожарникари.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во селото Речица вера околу 10:45 часот петмина пожарникари со две противпожарни возила се упатиле да изгаснат запален објект – слана. Интервенцијата траела со часови, односно пожарникари успеале да го изгаснат огнот околу 14:55 часот.
Запалена сува трева горела кај локалитетот Менкова колиба во период од 11:05 до 12:00 часот, каде интервенирале тројца пожарникари со едно возило.
Тројца пожарникари интервенирале и во атарот на селото Матејче каде од 13:00 до 16:00 исто така горела сува трева.