Во германскиот град Бенсхајм спасувачката екипа примила необичен повик, помош била потребна на мал дебел стаорец кој се заглавил во отворот од канализацијата.
-Очигледно собрал повеќе залихи сало и се заглавил околу стомакот, па не можел да се помери ни таму ни ваму, рекол спасувачот за животни Михаел Зер.
Многумина останале во чудо поради напорите да се спаси обичен стаорец.
– Почитта ја заслужуваат сите, некои се гадат од тие животни, но не се помалку вредни поради тоа, одговорил Зер.
Пожарникарите во недела попладне пристигнале на повикот на Зер, кој веќе бил на местото на настанот, меѓутоа самиот не можел да му помогне на глодарот.
Зер успеал да го ослободи животното дури откако пожарникарите го кренале отворот на шахтата.
По фотографирањето, стаорецот се вратил во канализација.