Во Куманово промовирана програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Општина Куманово – Одделение за локален економски развој, Министерство за економија и Североисточен плански регион денеска беше промовирана Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво и предвидените мерки за 2019 година.

Програмата  и јавните повици за кофинансирање на проекти и субвенционирање беа промовирани пред претставниците од микро, малите и средните претпријатија, занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност.

На настанот воведно обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека една од главните заложби при доаѓањето на функцијата бил развојот на економијата во градот во правилна насока.

– Како што знаете општината се соочува со големи проблеми но и ние имаме за обврска да ги менаџираме истите проблеми и затоа барам како главен партнер тоа да биде бизнис заедница. Само врз база на правилен развој на економијата и во делот на бизнисот и развојот на малите и средните претрпиајтија сметам дека можеме да изградиме сериозна економија а на тој начин можеме да изградиме и сериозна и поткрепена општина, која припаѓа на сите нас, истакна тој.

Димитриевски потенцираше дека заложбите на општината во моментов се во делот на развојот на гасификацијата. Нагласи дека за прв пат оваа година по 13-годишно постоење на Јавното претрпијатије „Куманово гас“, во последниот квартал од 2018-та е остварена добивка, па затоа целта во 2019-та е да се прошири гасоводната мрежа до индустриската зона, во делот на населбата Доброшане. На тој начин  на стопанските капацитети ќе им се овозможи да користат поевтин енергенс за производствените капацитети, додаде градоначалникот.

Она што не водеше е да презентираме дел од програмите за мали и средни претпријатија, но и да ги слушнеме потребите за локалните бизниси, рече Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија.

– Евентуално за следната година да направиме поубава програма, мерките да ги дизајнираме да бидат што поуспешни и да водат кон остварување на оние глобални политики, не само на министерството, туку и на Владата. Не се големи пари за оние што сега станува збор, министерството започнува со релативно мали пари, мислам дека оваа година повеќе од лани, но не се како Фондот за технолошки развој или други институции, но се доволно за почеток да се препознае идејата и да се помогне на бизнисот, рече Павловски.

Се што е на локално ниво може да биде подигнато на регионално ниво преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион, рече раководителот Младен Протиќ.

– Треба да се аплицира, а пари има. Не е до парите, кај нас доаѓаат во месец по два-три донатори кои нудат. Секој од овие нови проекти кои се од 30.000 до 200.000 евра бараат иновативност и да се вклучени лица со посебни потреби или да се вклучени жените и децата. Сега за сега Европската унија и донаторите директно не даваат пари на бизнисмените за обртни средства, тоа што на бизнисмените најмногу им треба. Но, и прмоцијата на нивниот производ, многу лесно се доаѓа и до изнаоѓање на консултанти, вмрежување, е-трогивија, тука можат да помогнат и општините и министерството, додаде Протиќ.

Околу 50 милиони евра им стојат на располагање на претпријатијата преку различни мерки, но засега Североисточниот регион најмалку ги користи овие средства, беше констатирано на денешниот настан.

Leave a Reply