274 деца родени во Куманово во последните три месеци лани, природниот прираст во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Вкупно 274 деца биле родитени на подрачјето на Општина Куманово во текот на четвртото тримесечје од 2018 година, што е за седум помалку споредбено со 2017та, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период починале 262 лица, што е намалување за 10 смртни случаи. Меѓу починатите нема доенчиња.

Природниот прираст бележи намалување, односно изнесува 12, споредбено со последните три месеци од 2017 година кога природниот прираст изнесувал 29.

Склучени биле вкупно 145 бракови на територијата на општината, а регистрирани се 12 разводи. Споредбено со претходната година, биле склучени 25 бракови помалку, но помала е и бројката на разводи која во 2017 година изнесувала 24.

Во општина Липково регистрирани се 82 новороденчиња. Починати се 40 лица, но и едно доенче.  Бројот на разводи изнесува 4, а на новосклучени бракови 104.

Во Старо Нагоричане има негативен природен прираст, таму се родени седум деца, а починале вкупно 23. Но, во посочениот период не е забалежан ниту еден нов брак, ниту еден развод.

Негативен природен прираст имаат и Кратово и Крива Паланка.

Во Кратово биле родени 17, а починале 36 лица. Склучени се 12 бракови, а разведени пет.

Бројот на починати во Крива Паланка во последните три месеци од 2018 година изнесувал 52, а се родиле 41 дете. Се склучиле 21 нови бракови, а ниту еден пар не се развел.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на државно ниво, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5.0 % и изнесува 5 597 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 9.1 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5 405 лицa, а од нив 48 се умрени доенчиња.  Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.4 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 3 261 брак. Во ова тримесечје се добиени 442 извештаи за разведените бракови.

Leave a Reply