Зголем бројот на пожари на отворено и сообраќајни средства во Куманово

Сподели со своите пријатели

Бројот на пожари на оторено и пожари на сообраќајни средства во текот на изминатата година бележат зголемување споредбено со 2017 година, стои во годишниот извештај на Територијалната противпожарна единица Куманово кој денеска беше изгласан на Советот.

Како што рече командирот на единицата, Деан Илиевски пожарите на отворено се резултат на сушен есенски период.

– Бележиме поголем број на пожари на отворен простор и тоа се должи најмногу на временските услови во септември, октомври и дел од ноември, кога бележевме енормно зголемен број пожари на отворено, беше релативно сушен период и имаше масовно палење од страна на несовесни граѓани и поради тоа се должи зголемениот број околу педесетина интервенции споредбено со 2017. Со возилата не можам да кажам што е причината, дали е зголемениот увоз на автомобили, кои колку се технички исправни не знам, но имаме зголемување, рече Илиевски.

Како што потенцираше советникот Зоран Петрушевски, од 49 вработени, дури 24 имаат времен договор за работа, кој праша што треба да се направи за корекција на таквата состојба.

– Многу ми е ова голема цифра по договор, дали правите напори, што е проблемот, не е исто да си пожарникар, а немаш редовен статус, лоша состојба. Себе се замислувам да работам таква работа, а договорно, квалитетот на моето работење нема да биде ист. Што треба да се направи овие вработени по договор да добијат постојан ангажман, многу е важен квалитетот на нивото работење од тој аспект, праша советникот Петрушевски.

Сепак, командирот Илиевски не можеше да даде точно решение за проблемот, затоа што, како што вели, тоа е надвор од неговиот домен.

– Околу вработените по договор за време на вработување, и јас го мислам истото дека на тие луѓе треба да им се реши статусот, но тоа не е во мој домен. Се согласувам дека треба има луѓе кои работат со договор за времено вработување, е сега кои ќе бидат условите за тоа не знам да ви одговорам, рече Илиевски.

Во изминатиот период Територијалната противпожарна единица по неколку децении доби и нова заштитна опрема, а како што тогаш истакна градоначалникот Максим Димитриевски бројот на пожарникари е несоодветен со европските стандарди по број на жител, но засега средствата не дозволуваат повеќе вработувања.

Leave a Reply