Две локации во Куманово утре ќе останат без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 08:30 до 10:00 часот прекини на електричната енергија ќе има на улицата „Бајрам Шабани“, додека во период од 08:30 до 15:00 часот без напојување ќе остане населбата Тромеѓа.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

