СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво”.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 19.02.2019 околу 20.10 часот во Куманово пријавениот со употреба на сила извршил разбојништво над Д.Т.(23) од Куманово, при што му одзел пари.

