Кумановската касарна утре ќе го одбележи Денот на 1. механизиран пешадиски баталјон

Сподели со своите пријатели

Со воена свеченост утре со почеток во 12.00 часот во касарната „Боро Менков“- Куманово припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон  ќе го одбележат Денот на единицата 26ти февруари.

По повод одбележување на  празникот, Денот на единицата, делегација од единицата ќе изврши полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во селото Жегљане.

Во рамки на прославата ќе се изведат неколку активности, како постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, предавање на стројот на командантот на гарнизон потполковник Стојанче Костов, интонирање на државната химна на Република Македонија и химната на АРМ, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починати припадници на АРМ, честитање на празникот, пригоден говор, соопштување на стимулативни мерки награди и пофалници, информираат од касарната „Боро Менков“.

 По завршување на официјалниот дел единиците ќе продефилираат пред присутните со  дел од  вооружувањето, опремата и возила со кои располага единицата.

На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, поранешните команданти на единицата, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност, правни и физички лица со кои единицата има соработка.

Leave a Reply