Пожарникар од Куманово повреден по пад од куќа

Сподели со своите пријатели

На 23.02.2019 година во 19.06 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.В.(46) од Куманово, вработен како пожарникар во Територијалната противпожарна единица Куманово, при интервенција – гаснење пожар на запален оџак, паднал од покрив на куќа сопственост на Ф.Ј.(40) од Куманово на ул.„Младен Стојановиќ“ и се здобил со тешки телесни повреди. С.В. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Loading...

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и инспектор од Државен инспекторат за труд.

Leave a Reply