Јавните прометни површини во Куманово наскоро ќе станат оградени со метални столбчиња. Целта на ваквиот проект, како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски е пешачките зони да бидат заштитени од несовесните возачи кои ги користат за паркирање на своите возила.
– Мора да констатирам дека мораме да воведуваме вакви непопуларни мерки бидејќи имаме несовесно управување на моторни возила и несовесно паркирање во делот на учеството на сообраќајот и узурпација на јавните провршини и како што гледате граѓаните немаат простор каде да се движат и тоа мора да го направиме со оградување на самите сообраќајни површини и тротоарите, изјави Димитриевски.
Се изготвува и сообраќајно решение за булеварот „Октомвриска револуција“ со кој истиот ќе биде ограден со столбчиња кои ќе го разграничуваат пешачкиот и велосипедскиот сообраќај.
– Истиот ќе биде ограден со столбчиња за да може да се разграничи велосипедската патека и патека за пешаците за да добиеме еден дел од градот каде ќе можеме да учествуваме урбано во сообраќајот и доколку се покаже како ефикасен тој проект ќе влеземе во постапка на истото решение и на самиот булевар „Трета МУБ“, а потоа и на останатите улици, рече Димитриевски.
