Два пожари во кумановско изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Два пожари се регистрирани на пошироката кумановска територија во текот на изминатите 24 часа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 18:00 до 20:40 часот, четворица пожарникари интервенирале на запалена сува трева и стрниште во атарот на селото Мургаш.

Вториот пожар бил во атарот на населбата Вера Которка, каде горела сува трева во период од 18:25 до 20:45 часот. Тројца пожарникари во наведениот период интервенирале на местото на настанот.

Leave a Reply