Шверцот на мигранти низ кумановско не запира

Сподели со своите пријатели

На автопатот Табановце – Куманово вчера во 07.35 часот возило „Мерцедес“ не застанало на даден знак и се упатило кон граничниот премин Табановце.

По преземени мерки, во 08.20 часот во село Табановце, на место викано „Чивлук“, било пронајдено патничкото возило „Мерцедес“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, скопско, а во негова близина била пронајдена и група од 10 мигранти (шест лица од Пакистан и четири лица од Сирија).

Дополнително, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во близина на село Лојане биле пронајдени шест мигранти (пет од Ирак и едно лице од Иран).

Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply