Женскиот ракометен клуб Куманово денеска со почеток во 16:30 часот ќе одиграат пријателски натпревар против составот на ЖРК Топличанин од Прокупље, Србија.
Loading...
Ова е уште еден во низата пријателски натпревари кои ракометарките на Куманово ги одиграа сезонава против екипи од Србија. Во исчекување на официјалниот старт на вториот дел од ракометната сезона во домашната лига, кумановки формата ќе ја одржуваат со пријателските средби.
Претходно вакви натпревари беа одиграни и со грчки Паок, со што ракометарките стекнуваат искуство на меѓународна сцена, а клубот ги продлабочува соработките надвор од границите на државата.
Денешниот меч ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.