Јавното претпријатие за изработка на просторни и урбанистички планови „Куманово –План“ офицјиално започна со работа.
– Одлуката за формирање на оваа претпријатие, која ја донесе Советот на Општина Куманово, а по иницијатива на Градоначалникот Максим Димитриевски е позитивен исчекор кој ќе придонесе за современо просторно и урбанистичко уредување на градот. Со формирање на оваа претпријатие, општината ќе го превземе во надлежност планирањето на урбаното уредување на просторот во градот, што претставува пример за суштинско имплементирање на децентрализацијата во овој сегмент, информираат од Општина Куманово.
Во ЈП „Куманово-План” ќе работи стручен тим од единаесет луѓе сместени во центарот на градот, односно зградата на Катастар на улицата „Гоце Делчев“.
ВД Директор на оваа претпријатие е поранешниот градски архитект Горан Митевски.

