Куманово одбележува 75 години од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со свечена манфиестација под насловот „Карпошова вечер“ вчеравечер во Занаетчискиот дом, Здружението на армиски и полициски ветерани одбележа 75 години од загинувањето на херојот Христијан Тодоровски Карпош.

На манифестацијата беа доделени и плакати на Павле Арсоски генерал мајор командант на Здружена оперативна команда на Армијата на Република Македонија, Јордан Цеков Дане – командант на Трета Македонска Ударна Бригада, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и вицепремиерот и министер за внатрешни рабаоти Оливер Спасовски.

Куманово и кумановци секогаш знаеле да се вкаат во историјата за она што значи чест, борба, слобода и држава, рече градоначалникот Димитриевски.

– Ние кумановци со право можеме да кажеме дека сме потомци на двајца Карпоши, оној стариот Карпош од 1689 година уште тогаш имал храброст да креира едно народно востание да се бори за слободата и самобитиено на народите кои живеат и денеска на овие простори. По неговиот пример Христијан Тодоровски Карпош следејќи го исто така се одважил и заедно со своите соборци тргнал да се бори за она што денеска ние го имаме а тоа е слобода, држава независност на македонскиот народ и сите народи кои опстојувале и живееле на овие простори. Ние кумановци сме ја впишувале историјата на Република Македонија и ние имаме полно право во секој момент да се повикаме на минатото и заедно со сите добронамерници на оваа дражва да ја креираме нашата заедничка иднина, рече Димитриевски во своето обраќање.

Загина, но вечно ќе живее, рече Драган Стојмановски, претседател на Здружението на армиски и полициски ветерани, кој додаде дека кумановци се горди и среќни што Карпош бил нив сограѓанин, но и тажни што не ја дочекал слободата и создавањето на државата за која пред олтарот на судбината го положил својот млад живот.

– Борбениот пат на Христијан започна во октомври 1941 година како млад го понесе знамето на слободата во борбата против фашистичкиот окупатор. По разбивањето на првиот партизански одрен 41 година, Христијан замина  во јужноморавски партизански одред каде се калеше и стекнуваше борбени искуства, покажа храброст, одважност, другарство и секогаш бил во првите редови во борбените акции. Другарите од одредот во една прилика го прашале какво партизанско име да му дадат а тој им одоговрил јас веќе го имам јас сум Карпош. По неговото враќање во Козјачија и формирањето на кумановско партизанскиот одред веднаш дојдоа до израз неговите организациони способности. Бил прифатен и ценет од месното население во секојдневните контакти со нив, во војничка формација го поставувал одредот со конкретни јасни и прецизни задачи. Поставува мрежа на разузнавачки информатори кои го информирале за движењето на непријателските сили што му овозможувало благовремено да ги планира маневарските активности, рече Стојмановски.

Христијан Тодоровски Карпош е роден во Куманово на 3 септември 1921 година, а својот живот го положил на 7 февруари 1944 година во месноста Билјача, прешевско, борејќи се за слободна Македонија.

Leave a Reply