Холдингот „Роселектроникс“, дел од руската државна корпорација „Ростек“, планира производство на облека направена од материјали кои може да се контролираат и кои може да ја менуваат бојата, соопштила прес службата на компанијата.
Во почетокот материјалот бил развиен за воени потреби, но може да се користи и за производство на облека и за изработка на реклами.
Технологијата е развиена на барање на Министерството за одбрана во централнио технолошки истражувачки институт „Техномаш“, оддел на „Роселектроникс“.
Моментално Институтот истражува можност за користење на материјали во цивилната индустрија и развој на прототип на производите.
– Во иднина технологијата може да биде употребувана за изработка на облека или реклами, велат од холдингот.