Две куќи во два оделни случаи вчера биле опожарени во Куманово, инфомираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Во првиот случај, околу 8 часот во населбата Карпош на улицата „114“ избувнал пожар при што целосно изгореле кровната конструкција и еден кат од семејниот дом. Во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила. Интервенцијата завршила дури во 12:40 часот.
Втората интервенција била во селото Романовце каде околу 14:45 часот исто така се запалила семејна куќа. Петмина пожарникари интервенирале до 17:40 часот.
Кумановските пожарникари вчера имале и трета интервенција, исто така во атарот на село Романовце, овој пат за гаснење на запалена сува трева.