Магловито утро во Куманово, врнежи од дожд од понеделник

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта и изутринава времето беше малку до умерено облачно, на места со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Битола ветерот повремено беше засилен и достигнуваше брзина до 60 км/ч. Во Демир Капија има густа магла со хоризонтална видливост од 50м, а појава на магла има и во Куманово и Штип со поголема хоризонтална видливост.

Во текот на денот, време ќе биде променливо облачно во западните делови попладне со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Куманово и околината по утринската магла, ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне 8 степени целзиусови.

Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Leave a Reply