Во Куманово и околината денеска имавме претежно облачно време со слаби врнежи од дожд во претпладневните часови. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, изминатото деноноеќие, заклучно 07:30 часот утринава во Куманово наврнале 18 литри дожд на метар квадратен.
Времето денеска е е претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во источните делови каде се очекува да наврнат нови 15л/м 2 . По одделни котлини ќе има појавана магла, а попладне во западните делови ќе има кратки сончеви периоди. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег со слаб до умерен интензитет. Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

