Димитриевски обвини за притисок врз него и соработниците

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, на денешната прес конференција на која повика министерството за труд и социјална политика да ја преиспита одлуката за одземање на ингеренциите за детската градинка, рече дека му биле вршени и притисоци.

Нема да дозволам притисок врз мене и моите соработници од ниту една страна, а деновиве ги има многу рече Димитриевски.

Сепак не сакаше да потенцира кој врши притисок врз него, ниту пак за што конкретно станува збор, но најави дека во следниот период ќе обелодени повеќе информации.

Во следниот период ќе излезам во јавноста за какви се притисоци се однесува врз мене и на мои први соработници, поддржувачи, граѓански активисти, луѓе од различни структури кои што сметаат дека во општина Куманово треба да се работи јавно и транспарентно и првенствено да бидеме во функција на граѓаните, одговори кратко градоначалникот Димитриевски.

Leave a Reply