Воздухот во Куманово денеска повторно е енормно загаден, скоро три пати над дозволеното.
Како што покажуваат резултатите од мерењата на станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање, присуството на ПМ10 честичките во кумановскиот воздух е 145 микрограми на метар кубен.
Според најавите на синоптичарите во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд, па се очекува аерозагадувањето да биде намалено.


