Научниците откриле дека губењето на мразот на Гренланд е зголемено за четири пати од 2003 година, се наведува во новата студија објавена во стручното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“.
Новото истражување покажало дека најмногу мразот се топел од почетокот на 2003 до средината на 2013 година на југозападниот дел од Гренланд, регион кој претходно не се сметал за клучен во подигањето на нивото на морето затоа што таму нема големи глечери.
– Знаевме дека имаме голем проблем поради зголемената брзина на топењето на мразот. Сега препознавме друг сериозен проблем а тоа се големи количества на ледена маса кои се топат се побрзо, но и реки која таа вода ја прелеваат во морето, вели Мајклс Бевис, главен автор на студијат аи професор по геодинамика на Универзитетот во Охајо.
Се очекува дека топењето на површинската маса, за која авторите на студијата велат дека е последица на глобалното затоплување, во иднина многу ќе придонесе за растот на нивото на морето.
– Единствено што можеме да направиме е да се прилагодиме и да го ублажиме понатамошното глобално затоплвање, предоцна е да нема никакви последици, додава Бевис.