Во селото Никуштак, Општина Липково, вчера околу 16,40 часот на асфалтен пат кој води кон маала Кукси на м.в. Кодра по претходна расправија поради нерасчистени должничко доверителски односи А.М. (31) во еден момент изавадил пиштол и испукал еден куршум во правец на А.М. (35) но не успеал да го погоди, по што влегол во неговото возило со скопски регистрски број и заминал.
Loading...
Како што информираат од страна на СВР Куманово, Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово извршилеувид на место на настанот, при што е пронајдена и подигната една чаура.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.