СВР Куманово во соработка со РСБСП и ОСБСП Куманово од 24.12.2018 година ја започна кампањата „Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово“.
На првиот ден се одржа едукативно предавање пред ученици од средните училишта, за безбедност на младите во сообраќајот и ризик фактори заради кои најчесто младите се жртви на сообраќајни незгоди, при што од нивна страна беа поделени флаери „Важни правила за безбедно и одговорно возење“.
Во рамките на кампањата денес во просториите на Основното училиште „Крсте Мисирков„ пред 70 ученици од седум основни училишта од страна на РСБСП се промовира формирањето на училишни сообраќајни единици врз основа на член 398 став 1 алинеја 1 од ЗБСП, а се одржа и првиот час согласно Правилникот за организација, обука и начин на работа на училишните сообраќајни единици. Од страна на ученици на возачите во непосредна близина на училиштето им беа поделени флаери „Корисни совети за безбедно патување во зима“ и за прописно паркирање.
На учениците им се поделени, а од нивна страна пополнети анонимни анктени прашалници „Каков возач е твојот родител“. Воедно на 10 јавни места каде има поголемо присуство на возачи поставени беа постери со содржина соодветна на кампањата за безбедно учество во сообраќајот.
Кампањата продолжува со активности секојдневно до 31.12.2018 година. Во наредните денови ке се спроведат акции за контрола на поседување на зимска опрема, за користење на сигурносен појас, користење на мобилен за време на возење , како и прописно и непрописно паркирање.