Кинеската влада бара ограничувања за божиќните прослави

Сподели со своите пријатели

Во најмалку четири кинески градови забранети се божиќните декорации, како што се елките и прикази на Дедо Мраз, јавуваат локалните медиуми.

Loading...

Кинеската влада започнала иницијатива да се ограничи прославувањето на Божиќ ширум земјата, со намера да се „промовира традицијата“,  јавува АП.

Во Кинеската покраина Нанјанг од еден тровски центар отстранети се сите декорации, вклучително и елката, откако властите тоа го побарале од сопственикот во зградата во која се наоѓал трговскиот центар.

„Спутник“ пишува дека во Кина, за разлика од поголемиот дел од светот, оваа година не се чувствуваат божиќните вибрации, при напорите од јавниот живот да се истиснат трагите на овој празник.

Експертот за модерна Кина ЗИ Јанг за АП изјавил дека Божиќ и „другите странските идеи“ се повеќеќе бидат ограничувани, поради политиката на кинескиот претседател Си Џипинг, кој продолжува владејачката партија да ја претстави како бастион на кинеската традиција.

Во градот Лангфанг јужно од Пекинг од излогот се отстранети декоарциите, а локалната полиција забранила декоративни улични светла и знамиња. Властите во градот Панлонг објавиле извештај во кој се наведува дека е „забрането поставување божиќни чорапи, носење божиќни капи, украсување елки и слично.

Меѓутоа, кинескиот „Глобал тајмс“ пишува дека не треба да се претерува во реакцијата на постапката на кинеските власти, затоа што ваквит емерки се насочени против комерцијализацијата на празникот и прекумерното внесување на непотребни намирници, а не против самиот празник.

Leave a Reply