Најголемата светска пивара „AB InBev“ (BUD) објави дека партнерски со канадската фирма „Тилари“ ќе направи пијалак од канабис.
Како што наведува CNN, „AB InBev“ атакува на пазарот на уживателите на марихуана. Во прилогот им оди неодамнешната легализација на канабис во Канада, и во некои американски држави.
„Tilray и „AB InBev“ имаат намера да вложат 100 милиони долари во истражување на безалкохолните пијалаци кои содржат одредени количества на канабис.
За почеток, компании ќе пласираат таков вид на пијалак само во Канада. Потоа фирмата ќе донесе одлука за пазарна исплатливост од напитокот со канабис.
Белгиската компанија веќе некое време размислува како да ја зголеми продажбата затоа што нејзините досегашни купувачи во последно време се повеќе се свртуваат кон помали пивари и занатските пива, што ја намалило побарувачката на пивата „Budweiser“ и „Bud Light“.