Еден од најпосетуваните градови ги моли туристите повеќе да не доаѓаат

Сподели со своите пријатели

Пластично цвеќе, ветерници и кломпи се главните сувенири во холандскиот град Амстердам, а всушност и двигател на градската економија.

Loading...

Сепак, локалната самоуправа забрани експанзија на ваквите дуќани. Уставниот суд во Холандија ја поддржа забраната на амстердамските власти да спречат отворање на нови дуќани во историското срце на градот каде се продаваат сувенири.

Ова е само уште една во низа мерки на власта како борба против масовниот туризам. Првин е отстранет симболот на градот „I Amsterdam“, но и натаму се разгледува отстранување на квартовите со црвени фенери од центарот на градот.

https://www.instagram.com/p/Bq7DcplAqoY/

Забраната за отворање нови продавници стапи на сила во октомври 2017 година и не крши ниту еден закон на ЕУ.

Целта на забраната е да се намалат дуќаните кои својата содржина ја продаваат исклучително на туристите и го отежнуваат животот на тамошното население.

Инаку, Амстердам брои околу 741.000 жители, но и посета на 9 милиони туристи секоја година поради што неговите жители имаат големи проблеми.

Leave a Reply