Општина Куманово почна со геостатичко истражување на просторот кај Средното стручно училиште „Наце Буѓони” за изградба на нова училишна спортска сала.
По завршувањето на оваа фаза, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави дека ќе почне постапка за издавање на електронска градежна дозовола за изградба на овој инфраструктурен објект.
– Новата училишна спортска сала ќе ја гради ресорното Министерство, изјави Димитриевски.
Салата треба да биде изградена во дворот на училиштето во кое настава следат близу 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик.

По средувањето на документите, се очекува во првиот квартал од 2019 година да почнат и градежните активноси за изградба на салата.
„Наце Буѓони” функционира од 1964-та година. Пред шест години во непосредна близина на училиштето, општината изгради атлетски полигон.
Претходниот месец, во кумановското средно стручно училиште „Перо Наков” беше пуштена во употреба училишна спортска сала, опремена со реквизити за реализација на повеќе спортски активности.