Од денеска такси превозот во Куманово со нови цени

Сподели со своите пријатели

Такси превозот во Куманово од денеска ќе започне да ги применува новите цени, кои минатата недела ги изгласа Советот на општината.

Loading...

Како што дознаваме од превозниците, од утринава стартот се наплаќа по 60 денари, во кој се пресметани и првите два километри од возењето, по што за секој километар повеќе наместо досегашните 25, ќе се пресметуваат по 30 денари.

Здружението на такси превозници во низа наврати до надлежните бараше повисока цена. Според последното доставено барање тие бараа стартна цена од 70 денари и 35 денари за секој километар, но како што информираа надлежните минатата недела направен е компромис во интерес на превозниците и патниците.

Leave a Reply