Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по наместа влажни коловози на пониските и претежно влажни коловози на повисоките места. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка,Дебар, Струга, Ресен и на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини иклисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е иможноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.