Зголемени приходите на ЈП „Куманово-гас“

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие Куманово гас во тримесечниот извештај за финансиско работење за период од 1-ви јули до 31-ви септември годинава, бележи значително зголемување на остварените приходи, во однос на претходната година. Дека приходите се зголемени по основ на приклучок, дистрибуција и надомест за снабдување со гас, нагласи и советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Трајковска. Таа додаде дека во три месечниот период е забележано и мало намалување на загубата од околу 9 проценти, кое се должи на намалување на плати и надоместоци на вработени кои заминале во пензија.

Loading...

-Ако се земат во предвид сите овие приходи што ги имате остварено и намалени трошоци по разни основи некако загубата не ми е јасна, тој процент ми е мал, исто така во однос на вториот дел од извештајот што се однесува на 9 месечно работење на јавното претпријатие Куманово гас забележана е слична ситуација, вкупните приходи бележат зголемување од три проценти во првите месеци од  2018-та, споредено со првите 9 месеци од 2017-та година, постои намалување на трошоците од 3 проценти но ако се земе на крај, споредбата за вкупната загуба што ја остварува претпријатието станува збор за намалување на загубата од 14 проценти, нагласи Трајковска.

Трајковска го праша новиот директор на Куманово гас, кој од неодамна стапи на функција, дали има план за работа, бидејќи согласно сегашните финансиски показатели, на претпријатието ќе му требаат уште 10 години за да се зголемат приходите, а воедно и да се намали загубата. Директорот на јавното претпријатие Куманово- гас, Никола Денковски потврди дека во тримесечниот период приходите се зголемени, по различни основи.

 -Севкупно приходите се 608.000, што е разлика од минатата година 180.000, но она што е значајно дека амортизацијата на постојаните средства може да забележите дека од оваа година е започнато пресметување за сите квартали, минатата година не била пресметувана. Што значи дека да не е оваа амортизација од 789.000 загубата ќе е драстично помала.  Што се однесува до плановите како да ги зголемиме приходите по сите основи, ние сме во таква ситуација каде кадровски се уште сме неекипирани, средствата со кои сме директно зависни од општината по основ на основачки блок кој ни ги пуштаат се исто така на неразнемарливо ниво, за пример во изминатите 5 години ние работиме со буџет од 5,6,7 милиони. Ние имаме јавна набавка за ископ само и за поврзување на цевки од 6 милиони, каде се тука платите, остантите оперативни трошоци за тековно работење-наведе директорот Денковски.

Денковски истакна дека во моментов се работи на програмата за наредната година, која ќе биде насочена кон ширење на дистрибутивната мрежа кон Општата болница, училиштето Толи Зордумис и техничкото Наце Буѓони. Со цел ширење на мрежата ќе се спроведе и маркетинг кампања.

Leave a Reply