Loading...
Три интервенции изминатото деноноќие бележат пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи првата интервенција била во период од 10:20 до 12:40 часот, во атарот на селото Скачковце, каде горела сува трева.
На автопатот „Детоил“ – Табановце исто така горела сува трева. Таму во период од 15:20 до 16:15 часот интервенирале тројца пожарникари.
Третата интервенција на сува трева била во атарот на Агино село во период од 16:45 до 17:55 часот.