Воздухот во Куманово од почетокот на месецов е загаден и дневните концентрации во просек изнесуваат над 100 микрограми ПМ10 честички на метар (100 µg/m3 ). Најлошо било на 2. декември кога просекот за целиот ден изнесувал 166µg/m3, иако дозволената граница е само 50.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендираните честички два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 надлежните препорачуваат:
-
Да се користи јавниот превоз
-
Возила да не се користат без поголема потреба
-
Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
-
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
-
Правилно да се користат печките за дрва

