Населбата Средорек во Куманово, каде претежно живее ромското население, наскоро ќе добие канализациона мрежа, а потоа и аслфатиран пат, најави вчера Аксел Ахмедовски, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.
Средства се обезбедени од Министерството за тарнспорт и врски, а согласно стратегијата за Роми.
– Мислам дека овој проблем кој е повеќегодишен ќе биде саниран и од тука мислам дека тоа е доказ дека Владата навистина е посветена по однос на подобрувањето на состојбата на Ромите од оваа област. Сакам да истакнам дека и до крајот на годината на Општина Куманово ќе и бидат доделени дополнителни средства преку Министерството за локална самоуправа, а тоа се средства кои што се согласно пак стратегијата на Роми поради интервенција во мерките кои се од областа на Националниот акциски план од повеќе области, односно од област која ќе ја избере самата општина, од некој приоритет по претходен наш договор, изјави министерот Ахмедовски.


