Прекини на електричната енергија за утре се најавени во 21 селски средини во кумановскиот крај.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат селата Пелинце, Челопек, Никуљане, Муталово, Алгуња, Коинце, Гулиновац, Враготурце.
Прекини на снабдувањето со електрична енергија во период од 09:15 до 10:15 часот се најавени за селата Драгоманце, Степанце, Жегљане, Малотино, Кокино, Арбанашко, Рамно, Дејловце, Длабочица, Цветишница, Осиче, Буковљане, додека селото Стрезовце струја ќе нема во период од 13:30 до 14:30 часот.
Наведените локации, како што велат од ЕВН Македонија ќе останат без напојување, поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енерија