Кумановските праски некогаш се извезувале во Австрија и Германија

Сподели со своите пријатели

Некогашните Земјоделски комбинат „Куманово“ и Земјоделско стопанство „Клечовце“ биле најголемите произведувачи на праски и кајсии во Кумановската околија.

Само кобинатот Куманово во почетокот на шеесеттите години имал над 300 хектари плантажи со праски и кајсии во селата Љубодраг, Романовце и Биљановце.

Комбинатот и Стопанството Клечовце имале околу 500 тони праски и 120 тони кајсии во летото 1963 година. Раните сорти по бербата веднаш биле извезувани на пазарите во Виена, Минхен и други градови во Австрија и Германија. Извезени биле околу 120 тони праски и 20 тони кајсии.

Покрај извозот во странство кумановските праски се продавале и на пазарите во Белград, Скопје, Битола, Прилеп и други градови во земјата.

Стопанството Клечовце на кумановската фабрика за преработка на овошје дала 3.000 килограми праски, додека 200 тони кајсии биле предадени од Комбинатот Куманово, а истите биле користени за преработка и производство на сокови.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 42 (понеделник, 15 јули 1963. година)

Leave a Reply