Сообраќајот на државни патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.