95-годишник „оживеал“ на сопствениот погреб

Сподели со своите пријатели

Мртов 95-годишник наводно се разбудил среде подготовките за сопствениот погреб.

Буд Рам Гујар во Ражастан, Индија се тресел и започнал да дише кога членовите од семејството го полеале со вода по градите при традиционален ритуал пред погребот на 3. ноември.

Лекарот го прогласил за мртов откако тој се онесвестил претходно тој ден, рекло неговото семејство.

– Свештеникот веќе започна со ритуалите, берберот ги избричи главите на сите мажи во семејството. Се подготвивме да го капеме телото како обичај пред погребот. Одеднаш започна да дише ис тана. Ова не е ништо друго освен чудо, рекол неговиот син Балу Рам.

Го погребале, а тој ги контактирал сестрите после 18 години (видео)

Loading...

Буд Рам Гујар на семејството рекол дека заспал по силна болка во градите.

Ова е прв „мртов“ човек кој живеал во Индија. Во март човек кој бил чуван во мртовечница всушност бил жив. Патологот забележал дека има пулс само неколку моменти пред да започне да го сече неговото тело. Мажот имал мозочна смрт и бил испратен во друга клиника.

Во јуни сличен настан бил забележан и во Јужна Африка, кога жена била спасена од ладилник кога работникот забележал дека и натаму дише. Била прогласена за почината во сообраќајка во која загинале две лица.

Од Кина исто така пристигна вест дека наводно мртов човек се разбудил кога во мртовечницата го шминкале за погребот. Неговата сопруга забележала дека му се помера еден екстремитет.

Leave a Reply