Кога бразилскиот рибар го пронашол пингвинот тој навистина бил во лоша состојба, заглавен меѓу карпи и целосно прекриен со масло.
Човекот го спасил, искапел и нахранил. Му го дал името Диндим. Очекувал дека пингвинот откако ќе оздрави ќе тргне во потрага по своето јато, меѓутоа птицата одбивала да замине од својот нов пријател. Останала кај него цели осум месеци.
Пингвинот потоа, одеднаш само исчезнал. Рибарот бил тажен, но сепак знаел дека тоа порано или подоцна мора да се случи. Не се надевал дека Диндим некогаш ќе се врати, меѓутоа се излажал.
Loading...
Диндим се вратил, а потоа продолжил да доаѓа секоја година и да го посетува својот спасител.
Доаѓа, минува одредено време со него и повторно заминува. Минува време само со рибарот и не дозволува никому да го допре.
Ова невообичаено и неверојатно пријателство ги изненадило дури и научниците, особено поради фактот што Диндим преплива повеќе од 8.000 километри за да се сретне со својот спасител.