Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски добил 92.299,00 денари плата за октомври. Со тоа тој е најплатен министер во владиниот кабинет и зема повисока плата од премиерот Зоран Заев, на кого минатиот месеци му се исплатени 88.161,00 денари, пипува Независен.мк
Платата на Спасовски, е повисока од таа на премиерот затоа што на министрите за внатрешни работи им следува надиоместок од плус 20 проценти за тежина на работно место, што било уредено со одлука донесен од Собранието пред повеќе години.
Спасовски е единствен член на кабинетот на Заев што има плата повисока од 90 илјади денари, колку што е прагот според кој во иднина ќе се плаќа повисок данок, согласно со праведното оданочување што го најави Владата.
Повеќе за платите на министрите читајте ТУКА.