Мургашанска: Барањето за вонредна седница најверојатно ќе биде одбиено (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за свикување вонредна седница на Советот на општина Куманово на која ќе се дебатира за загадениот воздух и мерките кои треба да се преземат, најверојатно ќе биде одбиено, рече денеска претседателката на Советот, Атина Мургашанска која утринава го примила и разгледала барањето.

Како што додаде Мургашанска со ваквата седница непотребно ќе се политизира незадоволителната состојба, која не е посебно алармантна и поразлична од другите делови на државата.

– Сметаме дека барањето за вонредна седница токму сега е извесен обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелниот проблем, бегството на нивниот поранешен лидер Никола Груевски, да се сврти вниманието од се уште актуелните судски постапки за натрупаните криминали и непотребно да се загрижуваат граѓаните, да се внесува доза на загриженост, а се разбира ние сме секогаш тука отворно да разговараме, а со таа цел заедно со нашите колеги и од опозицијата верувам ако излезат во пресрет, деновиве ќе закажеме трибина на која заедно, ние, граѓаните и надлежните експерти ќе поразговараме каква е всушност состојбата, кои се локалните, државните мерки и практиките во светот како да го надминеме проблемот со аерозагадувањето, изјави Мургашанска.

Loading...

Како што додаде Мургашнска, освен редовната програма за заштита на животната средина има вонредни мерки и вонреден инспекциски надзор кој работи во две смени.

– Сметаме дека во овој момент соодветно реагираме на состојба, а колегите од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме секогаш за отворена дебата и заедничко изнаоѓање на мерки, а не за непотребна политизација и вознемирување на нашите граѓани, додаде претседелката на Советот, Атина Мургашанска.

Инаку, вчера опозицијата побара да се свика вонредната седница, како што велат, поради загриженоста од фактот дека Куманово скоро две последователни недели има загаден воздух.

Leave a Reply