Еден загинат во сообраќајка во Слупчане

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 21,10 часот било пријавено дека на локалниот пат село Слупчане – Куманово патничко моторно возило “БМВ“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Р.З. (21) од село Липково удрило во двајца пешаци Ф.Д.(34) и Б.Д.(39), и двајцата од селото Слупчане.

Во незгодата од здобиените повреди на пат кон Општата болница Куманово, Б.Д. починал, а кај Ф.Д. од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Како што додаваат од Министерството за внатрешни работи, увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply