Од утре постепено намалување на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Утрово времето беше ведро и студено. Во североисточниот дел од земјава дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Во текот на денот како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со слаб источен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со максимална дневна температура до 16от степен.

Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.

Leave a Reply