Пред две години Велика Британија ја доби најмладата ЛОТО милионерка – седумнаесетгодишната Џејн Парк која освоил главна премија на играта на среќата – милион фунти, а потоа ја тужела лотаријата затоа што и го уништила животот.
„Знаете ли колку е тешко да се биде милионерка кога си толку млад“, се жалела своевремено во утринската програма на британска телевизија. Се жалела откако си купила две куќи и силиконски гради.
Сега повторно брилира, затоа што понудила плата од 60.000 фунти годишно за оној кој е подготвен да и биде момче. „За почеток партнер кој со мене ќе минува време…“, напишала таа на социјалните мрежи и докажала дека парите не можат да купат баш се.
Причината поради која и е тешко да најде партнер лежи и во фактот дека не знае дали некој е со неа затоа што му се допаѓа или поради парите.
Сега ќе знае – му се допаѓаш за 60.000 фунти.
Loading...