Ракометарките на Куманово го завршија настапот во ЕХФ Челинџ Купот каде забележаа два порази од составот на Геониус Гален од Холандија.
Loading...
Во првиот меч кој се одигра во сабота во градската спортска сала избраничките на тренерот Зоран Јосимовски безуспешно се мачеа да бркаат разлика скоро целиот натпревар. Добрата одбрана на ракометарките на Геониус ги остави кумановки со мала реализација, но затоа во брзи контра напади и многу украдени топки холанѓанките им враќаа на своите домаќинки.
Мечот заврши со резултат 15:39, на голема радост на навивачите кои од Холандија дојдоа да го следат натпреварот на своите ракометарки.
Иако со помала негатива, сепак кумановки го загубија и вториот меч, во кој имаа гостинска улога, и покрај тоа што се одигра на нивен терен. Со 31:21 заврши мечот вчера со што ракометарките на Куманово се збогуваа со настапот на европската ракометна сцена за оваа сезона.
Loading...
Седум гола на двата натпревари реализираше Сања Дабевска, пет Ана Шарановиќ и Мила Трајковиќ, како најефикасни во составот на Куманово.
Сега кумановки ќе се фокусираат на домашниот женски шампионат каде заостануваат две кола, па Металург во меѓувреме со двата натпревари повеќе го презеде лидерското место во табелата. Следниот натпревар го играат против Пелистер во дерби средбата закажана за 18ти месецов.