По повод Денот на ослободувањето Општина Куманово денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ се одржа свечена седница на која пристуствуваа повеќе министри од Владата на Република Македонија, амбасадори, претставници од збратимените градови, како и невладини организации и граѓани.
На седницата се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека заедно со стопанствениците и потенцијалите во градот ќе продолжи понатамошниот развој на мало и средно стопанство.
– Во воспитно-образовниот процес создаваме плејада на млади луѓе со кои сакаме да продолжиме да го градиме и развиваме овој град. Млади луѓе на кои ќе им ги оставиме одговорностите во делот на менаџирањето на градот и создавање на нова иднина на градот, рече Димитриевски.
Loading...
Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска која истакна дека задача на политичари мора да биде иднината на децата, економските вредности и стандардите на економските вредности кои треба да бидат примеливи во нашата средина.
– Да ги мотивираме младите семејства овде да ја планираат својата иднина, а своето знаење да го инвестираат во растежот и напредокот на нашата земја. Да ги вратиме модерните печалбари од земјите со висок безбедносен ризик и да создадеме услов за развој на стопанството и подем на претприемништвото, истакна Мургашанска.
На седницата беа доделени и Ноемвриските награди и пофалници за истакнатите кумановци, беше проектирана презентација за стореното во изминатата година, а воедно програмата беше збогатена и со перформанс на денс студиот „Фјужн“, а програмата ја водеше актерот Сашко Коцев.