Утринава во 00,10 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово В.А.(19) од селото Горно Коњаре-кумановско пријавил дека 09.11.2018 година околу 23,10 часот на улицата “Глигор Прличев“ додека бил заедно со неговиот другар К.Р.(20) со возило, лицето М.Т. кој исто така бил со уште едно лице со возило најпрвин започнал вербална расправија, по што зел тврд предмет и почнал да замавнува кон нив удирајќи го К.Р., а потоа удрил во едниот прозорец од нивното возило.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од СВР Куманово.