Седумдесет и шестгодишниот Ѕвонко Богдан вечерва ќе пее на градскиот плоштад во Куманово во чест на Денот на ослободувањето на градот „11 Ноември“.
Со концерт од час и половина вечерва тоа ќе биде главниот настан од програмата насловена како „Ноемвриски денови“. Претходно свој настап ќе има и кумановскиот пејач Нино Величковски со „Кумановски тамбураши“ и Сандра Милковска.
Во текот на денот ќе се одржи и турнир во мал фудбал „11 Ноември“ за пехар на градоначалникот кој од 17:30 часот ќе биде отворен во градската спортска сала, додека пак од 19:00 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се отвори изложбата „Карпино 2018“ во организација на Мултимедијален центар „Карпино“.
Со низа настани одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово продолжува и утре.